Папата ја откажа планираната посета на божикните јасли поради опасност од зараза

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ја откажа планираната посета на традиционалниот божикен приказ на сцени од раѓањето на Исус на римскиот Плоштад на свети Петар, за да се заштити себеси и другите од короанвирисот.

Светата столица објави дека посетата на папата е откажана за да се избегнат тисканиците и ризиците од зараза со Covid-19, бидејќи на секое јавно обраќање на папата присуствуваат голем број верници.

Оваа посета беше планирана за петок, по традиционалната новогодишна молитва во базиликата на свети Петар.

Поради епидемијата на короанвирусот папата Франциск го прослави Божик според грегоријанскиот календар со органичувања. Но годинава значително многу повеќе луѓе дојдоа во Ватикан на божикната литургија и традиционалното посление „Urbi et Orbi“ (до Градот (Рим) и до светот) отколку во 2020 година.