![Pope Francis presides a Mass for the Philippine Community](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/papa-francisk.jpg?resize=696%2C474&ssl=1)
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ја укина „понтификалната тајност“ за случаите на сексуално искористување на децата и издаде два документа со кои темелно се менува начинот на кој Католичката црква досега се однесуваше кон овој вид злосторство.
Папата го укина ватиканското правило коешто секому кој тврди дека е жртва на свештеничко злоставување му се забранува за тоа да зборува. Правилото познато како „понтификална тајност“ е укинато и за оние кои во Ватикан сведочат на судењата за ваквите злосторства.
Кон информациите за случаите за злоставување треба да се однесува со „сигурност, интегритет и доверливост“, порача папата. Им даде упатство на ватиканските функционери да му се потчинат на цивилното право, со истовремено чување на доверливоста и да им помогнат на властите во истрагите за овие случаи.
Папата Франциск, исто така, ја промени и ватиканската дефиниција за детската порнографија, зголемувајќи ја возраста од 14 на 18 и помалку години.
„Станува збор за епохална одлука“, коментираше надбускупот на Малта, Шарл Скуклина, еден од најистакнатите истражители на случаите на сексуално злоставување во Католичката црква. Истакна дека „понтификалната тајност“ отсега повеќе не може да биде изговор за тоа информациите за сексуалните злоставувања на малоленитици да не се споделат со државните тела или жртвите.
Документите издадени во вторникот се познати како Рескрипти и папите ги користат за да изменат некои членови од канонското право или делови од претходни папски документи.
Папата Франциск во вторникот, исто така, ја прифати оставката на надбискупот Луиџи Вентура, амбасадор на Светата столица во Франција, обвинет за сексуално злоставување.