Папата Франциск денеска ќе се сретне со Колеџот на кардинали на дводневна дискусија за документот што служи како устав на Ватикан.
Наречен „Praedicate Evangelium“, новиот устав има за цел да ја стави моќната Римска курија во поголема служба на локалните цркви.
Тоа е една од клучните реформски проекти на папата и има за цел да промовира поефективно ширење на верата и да поттикне поконструктивен дијалог, напиша Франциск во предговорот на документот.
Како дел од реформата, Франциск ги реорганизираше властите на Светата столица и им овозможи на жените да раководат со овие таканаречени дикастерии.
Папата и околу 200 кардинали ќе бидат присутни на дводневни состаноци зад затворени врати. Единствениот јавен состанок е утрешната завршна миса со 20-те кардинали кои беа именувани во саботата.