Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска најави дека кога ќе биде погребан, неговото тело нема да биде изложено на бдение, ниту пак ќе има украсена дрвена клада која го држи ковчегот на угледни личности.
„Разговарав со мајсторот на церемонијата и отстранивме многу работи, бидејќи ритуалот (погребот на Папата) беше премногу оптоварен“, рече папата Франциск.
Тој додаде дека погребот на неговиот претходник Бенедикт Шеснаести е последниот традиционален погреб на римски понтиф, каде што телото е изложено, пренесува агенцијата Анса.
Во книгата на Хавиер Мартинез Брокал, „Наследникот“, која се состои од интервјуа со Папата, Франциск вели дека сака да биде погребан „достоинствено како и секој христијанин“.
Во последните недели Ватикан го откажа присуството на Папата на неколку настани поради нарушено здравје, а Францис (86) моментално користи инвалидска количка поради проблеми со коленото.