Папата Франциск повика на дијалог за решение на тензиите во Украина

Папата Франциск денеска повика на сериозен меѓународен дијалог за решавање на тензиите меѓу Русија и Украина и ги повика двете страни да избегнуваат вооружени конфликти.

Британските медиуми забележуваат дека ова е прв коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина.

-Оружјето не е начин. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина, рече папата во неделното обраќање пред илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар во Рим.