Папата Франциск: Војната е неуспех на политиката и на човештвото

Папата Франциск на својот Твитер објави антивоена порака на украински, руски и англиски јазик, велејќи дека „секоја војна го остава нашиот свет во полоша состојба отколку што бил претходно“.

„Војната е неуспех на политиката и на човештвото“, додаде тој, нарекувајќи ја „срамна капитулација, остар пораз пред силите на злото“.

Инаку, твитот е цитат од едно негово пишување, наречено Fratelli Tutti.