Папата Франциск, на последниот ден од неговата посета на Ирак, денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркви, уништени од терористичката група Исламска држава и ќе одржи миса на отворено.
Ватикан се надева дека посетата на папата Франциск ќе ги охрабри христијаните да останат во Ирак и покрај повеќедецинските судири и нестабилност.
Папата од Ирак испрати порака за меѓуверска толеранција. Тој вчера оствари историска средба со ајатолах на шиитските муслимани, Али ал Систани.
Мосул е многу оштетен град за време на судирите со ИД, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се помоли и за сите жртви од војната во Ирак.