![francisko-benedikt](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/francisko-benedikt.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Папата Франциско замина во посета кај својот претходник, папата Бенедикт XVI, ден пред духовниот лидер на католиците да ги предводи божиќните прослави за прв пат.
Двајцата се помолиле и разговарале околу 45 минути во поранешниот женски манастир во Ватикан, каде што сега живее Бенедикт. Бенедикт кој е роден во Гермнија, по многу векови стана првиот Папа кој доброволно се повлече од својата функција.
На негово место во март дојде Аргентинецот Франциско. Двајцата одржуваат редовни контакти, покрај неодобрувањето на традиционалистите, кои сметаат дека може да има само еден Папа.
Во пресрет на Божиќ, Франциско ќе отслужи литургија во базиликата „Свети Петар“. Тој ќе запали и свеќа за мир по откривањето на сцената на раѓањето на Исус, на плоштадот „Свети Петар“.