Папата Франциско за време на својата посета на Полска доживеал мала непријатна случка, кога одејќи кон олтарот се препнал и паднал, но брзо се исправил и ја започнал мисата пред неколку илјади верници.
На 79-годишниот поглавар на Римокатоличката црква веднаш му помогнале свештениците кои биле со него.
Ова е прва посета на папата на Полска во рамки на 31. Светски ден на младите, кој се одржува во Краков.