Папата се сретна со Кастро. Папата Франциско во рамки на вчерашната посета на Куба, по масовната миса, се сретна и со поранешниот лидер Фидел Кастро.
Поглаварот на римо-католичката црква го посети Кастро во неговиот дом, а нивниот разговор траел половина час, изјави портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди.
Според неговата изјава, станувало збор за неформален разговор во присуство на децата и внуците на Кастро.
Инаку, во јули годинава Папата ја посети и Боливија, каде од претседателот Ево Моралес доби комунистичко распетие. Претставниците на Ватикан и светската јавност беа збунети од ваквиот подарок. Повеќе за ова на следниот линк.