Папата во Божикната порака рече дека на Блискиот исток му теба решение со две држави

Pope Francis delivers the Urbi et Orbi (Latin for ' to the city and to the world' ) Christmas' day blessing from the main balcony of St. Peter's Basilica at the Vatican, Monday, Dec. 25, 2017. (ANSA/AP Photo/Alessandra Tarantino) [CopyrightNotice: Copyright 2017 The Associated Press. All rights reserved.]

Папата Франциск ја искористи традиционалната Божикна порака во понеделникот да повика на решавање на судирот на Блискиот исток со две држави, прашање коешто го отворија САД со својата одлука Ерусалим да го признаат за престолнина на Израел и кое предизвика тензии во регионот.

Поглаварот на Римокатоличката црвка зборуваше за Блискиот исток и дугите кризни жаришта во своја Божикна порака *Urbi et orbi“ (на градот и светот), четири дена откако повеќе од 120 земји гласаа на Генералното собрание на ОН за резолуцијата со којашто САД се повикуваат да ја повлечат одлуката за Ерусалим.

„Се молиме меѓу страните да надвладее обновениот дијалог и конечно да се постигне ирпреговарано решение, она што ќе овозможимирољубива коегзистенција на две држави во меѓусебно договорени и меѓуанродно признати граници“, рече папта Франциск мислејќи на Изралеците и Палестинците.

„Го гледаме Исус во децата на Блискиот исток која и натамупатат ппоради зголемените тензии меѓу Израелците и Палестинците“, додаде папата во својата порака испратена од балконот на азиликата на Свети Петар пред десетиции илјадиверници од целиот свет.

Ова е вторпат папата јавно да зборува за Ерусалим откако американскиот претседател Доналд Трамп го ефектуираше американскиот закон од 1995 година за признавање на Ерусалим за израелска престолнина и ја потпиша уедбата за поченување на подготовките за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Светиот град. Истоит ден, на 6-ти декември, папата Франциск повика да се почитува состојбата на статус кво на Ерусалим.

До оваа одлука, Вашингтон како и повеќето земји во светот не заземаше страна за статусот на Ерсалим, кое е најчувствителноо прашање во мировниот процес. Израел тврди дека Ерисалим е неговата „историска и неделива престолнина“, додека Палестинците го сакаат источен Ерусалим, во кој живеат повеќе од 300.000 Палестинци, за престолнина на нивната идна држава. Промената на американскиот став кон статусот на Ерусалим предизвика големо незадовослтво на меѓународната заедница и целосна осуда од арапскиот и исламскиот свет.

Папата Франциск, кој е лидер на 1,2 милијарди римокатолици во светот, ги повика луѓето беспомошниот Исус да го видат во децата коишто патат поради војните, миграциите и природните катастрои коишто ги предизвикува човекот.

„Денес, кога во нашиот свет дуваат етриштата на војната… Божик нé повикува да се насочиме на знак ана дететот и да ги препознаеме на лицата на дечињата, особено оние за коишто, како ниту за исус, нема место во преноќиштето“, истакна папата.

На петтот Божик од неговиот понтификат, папата Франциск рече дека го видел Исус во децата коишто ги сретнал во текот на неговата неодамнешна посета на мијанмар и Банлгаде, и повика на соодветна заштитеа на достоинството на малцинските груи во овој региони.

Околу 655.000 припадници на муслиманската заедница Рохиџа (Рохинга) изминатите месеци избегаа од мнозинскиот будистички мијанмар во соседен Бангладеш и сведочат за силувања, масовни убивања и палежи за коишто Онн оценуваат дека може да претставуваат докази за геноцид.