Папазов повика на масовен одѕив во Кочани за создавање нова иднина

Промените започнаа во цела Македонија, неминовно ќе се случат и во Кочани. Никакви манипулации и притисоци од страна на власта во заминување тоа нема да го спречат. Останува уште само еден чекор до новата иднина, истакна Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани.

„Во недела излезете масовно на гласање и дајте силна поддршка на проектите со кои одговорно обезбедуваме модерен развој на Кочани. Драги кочанчани, вие сте силата која создава подобра иднина, ајде заеднички да ја оствариме целта. На 31-ви излезете и одберете промени, проекти и нови победи. Гласајте и заокружете број 7 за просперитетно Кочани“, истакна тој.