Ѕвездата на српскиот филм „Парада“ Горан Јевтиќ ќе се најде пред суд поради обвинение дека минатата година силувал малолетник.
Како што пишува српската новинска агенција „Танјуг“ Основното јавно обвинителство во Сомбор започнало постапка против 37-годишниот Јевтиќ под сомнение дека минатата година силувал малолетник во тој град.
Јевтиќ се гони за две кривични дела: обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години, пишува српската новинска агенција.
Родителите на момчето поднеле кривична пријава против Јевтиќ
Инаку, на крајот на минатата година против Јевтиќ е поднесена приватна кривична пријава за наводна обљуба над 14-годишнен малолетник, од страна на родителите на момчето.
Тие тврдат дека Јевтиќ го обљубил нивниот 14-годишен син за време на минатогодишниот фестивал „Театарски маратон“ во Сомбор. Во одбрана на Јевтиќ тогаш застанаа сите негови колеги, кои покренаа и потпишување петиција за поддршка, а актерот досега не се огласувал за овој случај, но дел од медиумите пренесуваа дека тој ги отфрлил обвиненијата тврдејќи дека станува збор за глупости.
Инстутуциите треба да докажат дали навистина актерот силувал малолетник
Актерот има богата кариера зад себе, но македонската јавност го памети по улогите во „Парада“, каде играше и Тони Михајловски, филмот „Ние не сме ангели“, како и филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крв и мед“.
Дали кривичното дело навистина е сторено и дали навистина Јевтиќ силувал малолетник, ќе треба да докажат институциите.