Параглајдерист од Унгарија загина во Љубаништа.
Тој полетал со своето летало од Галичица, но имал несреќа при слетувањето и паднал во близина на плажата кај автокампот. Според првичните информации, немало други повредени туристи при несреќата.
Неофицијално Унгарецот бил на триесегодишна возраст.