Парцела во Хонгонг продадена за рекордни 5,4 млрд долари

Најскапата земјишна парцела во Хонгконг е продадена на владино наддавање за 42,23 милијарди хонгконшки долари, или 5,4 милијарди американски долари, објавено е во средата на веб-страницата на катастарската служба на овој полуавтономен регион на Кина кој ужува специјален статус.

Станува збор за земјиште наменето за комерцијален развој од речиси 60.000 квадратни метри. Сместено е во западниот дел од полуостровот Коувлун, веднаш до станицата на новата брза железничка пруга која го спојува со континентална Кина.

Победник на аукцијата е хонгконшкиот гигант во тргувањето со недвижности „Sun Hung Kai Properties“. Земјиштето што го купила компанијата е наменето за изградба на деловни згради, хотели и продавници од малопродажната мрежа.

Приходите од продажбата на земјиште на владините наддавање се најважниот извор на приходи во буџетот со кој располага администрацијата на Хонгконг. Досега најскапа се сметаше земјишната парцела на местото на стариот аеродром Кај Так, која беше продадена минатата 2018 година за 3,2 милијарди долари на споменатата компанија.

Хонгконшкиот пазар на комерцијални недвижнини се смета за најскапиот на светот. Рекордните цени за станбените, канцелариските и трговските простори се објаснуваат со недостигот од слободно земјиште и големата побарувачка, вклучително и од страна на инвеститори од континентална Кина.