Во првото полугодие од годинава, 3.768 новооторени фирми морале да си ја почнат својата бизнис приказна со отворање сметка во банка. Нивниот најчест извор, според податоците на БизнисМрежа.мк била НЛБ Банка, таму отвориле сметка 891 фирма. Веднаш зад неа била Халк Банка, која станала избор на 809 фирми. Една година порано пак, Халк банка беше најчестиот избор на новоотворените комапнии, додека во 2020 година тоа беше НЛБ банка. Од овие податоци може да се заклучи дека трендот на новоотворните комании е најмногу сметки да отвораат во НЛБ и во Халкбанка. Во првото полугодие од годинава кај овие две банки заедно, отворени се 45 отсто од сметките на новоформираните компании, анализира порталот „Пари“.
Најмалку сметки пак, годинава, за 6 месеци се отвориле во Капитал банка – само 8.
Бројките за нови депоненти откриваат многу. Тие го откриваат нивото на конкурентност на банката, односно нивото на банкарските услуги и услови. А, со оглед на тоа што нашиот банкарски систем е претежно во странска сопственост, обично странските инвеститори, доколку има банка од нивната земја, својата сметка и банкарското работење и го доверуваат нејзе.
Нови депоненти од новоотворените фирми во првото полугодие 2022 г.
ДЕПОНЕНТ БАНКА | ВКУПНО |
Капитал Банка АД Скопје | 8 |
Комерцијална Банка АД Скопје | 645 |
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје | 891 |
Прокредит Банка АД Скопје | 113 |
Силк Роуд Банка АД Скопје | 81 |
Стопанска Банка АД Битола | 79 |
Стопанска Банка АД Скопје | 460 |
ТТК Банка АД Скопје | 127 |
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје | 213 |
Халк Банка АД Скопје | 807 |
Централна Кооперативна банка АД Скопје | 75 |
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје | 226 |
Останати (непознати) | 43 |
ВКУПНО | 3768 |
ВО СКОПЈЕ, БИТОЛА И ТЕТОВО ИМА НАЈМНОГУ ОТВОРЕНИ ФИРМИ, КОИ БАНКИ ГИ ИЗБРАЛЕ?
Во Скопје се речиси половина од новоотворените комапнии. За 6 мсеци се основале 1.643 фирми, а 430 ја избрале НЛБ банка за матична банка. Веднаш зад неа е Халк банка која била избор на 362 новоотворени компании, а на третата позиција е Комерцијална банка со 330 отворени сметки.
Во Битола се отвориле 203 компнаии, а најголем дел од нив – 45, сметка отвориле во НЛБ банка. Потоа, изборот на битолски компании, била Комерцијална банка со 31 новоотворена сметка, а зад неа е Стопанска банка – Скопје со 30 отворени сметки на новоотборените битолски фирми за 6 месеци.
Од 173 новоотворни фирми во Тетово, 50 избрале да отворат сметка во Халк банка, 26 во НЛБ и 24 во Стопанска банка.
3 ТОП градови по новотворени фирми и 3 најизбрани банки
ГРАД | НОВООТВОРЕНИ СУБЈЕКТИ | НАЈИЗБРАНА БАНКА | ВТОРА ПО ИЗБОР БАНКА | ТРЕТА ПО ИЗБОР БАНКА |
Скопје | 1.643 | НЛБ Банка (430) | Халк банка (362) | Комерцијална (330) |
Битола | 203 | НЛБ Банка (45) | Комерцијална банка (31) | Стопанска Скопје (30) |
Тетово | 173 | Халк банка (50) | НЛБ Банка (26) | Стопанска (24) |
ТРГОВЦИТЕ НАЈМНОГУ ОСНОВАЛЕ ФИРМИ, А НАЈМНОГУ СЕ ОДЛУЧИЛЕ ЗА ХАЛК БАНКА
Над 22 проценти од новоотворените фирми се од секторот трговија на големо и мало. За 6 месеци, во државава имаме 838 нови трговци, а најмногу сметки отвориле во Халк банка – 201, потоа нивен избор била НЛБ банка каде депоненти станале 194 фирми и на трто место е изборот на Комерцијална банка со 141 фирма.
Со шифра „други услужни дејности“ има 437 нови фирми. Нивен прв избор била НЛБ банка со 124 нови депоненти од овој сектор, а на второ место е Халк банка – со 83 депоненти и на трето е Комерцијална банка со 56 депоненти.
Во угостителско-хотелиерскиот сектор има 373 нови фирми. Најмногу од нив сметка отвориле во Халк банка- 78 фирми, потоа во НЛБ – 76, па во скопска Стопанска банка – 64.
3 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО НОВОТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ
ДЕЈНОСТ | НОВООТВОРЕНИ СУБЈЕКТИ | НАЈИЗБРАНА БАНКА | ВТОРА ПО ИЗБОР БАНКА | ТРЕТА ПО ИЗБОР БАНКА |
Трговија | 838 | Халк банка (201) | НЛБ банка (194) | Комерцијална банка (141) |
Други услужни дејности | 437 | НЛБ (124) | Халк банка (83) | Комерцијала банка (56) |
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна | 373 | Халк банка (78) | НЛБ банка (76) | Стопанска банка – Скопје (64) |