Скандалозните набавки на Владата, никако да стивнат, а се чини дека последниот тендер за набавка на 20.000 шишиња со лубрикант за „Здружението на граѓани Еднаквост за геј и лезбејки-ЕГАЛ Скопје“, што според некои груби проценки би чинело околу 100.000 евра, народни пари, ја прелеа чашата на секакво рационално расудување.
Додека стратешки се потенцира важноста на лубрикантите во превенција од ХИВ вирусот, болни деца умираат поради немање пари да се лекуваат. Иако е секогаш тажно да се споредуваат вакви случаи со неразумното трошење јавни пари на тоталлно неприоритетни работи, револтира фактот што скандалозно се трошат пари во услови кога на граѓаните не им се решаваат елементарни прашања со кои ќе им се подобри квалитетот на животот.
Ете, очигледно не се приоритетни многу животи, како и животот на Ева Крстаноска, девојче од Пештани, кое почина кон крајот на август, бидејќи родителите не успеаа да соберат пари за лекување. Таа цела година се бореше со многу редок вид на леукемија и неопходно беше веднаш да замине на операција во Германија.
Владата решила да и помагне на невладината со набавка на лубриканти, додека на социјалните мрежи граѓани секојдневно молат за пари за лекување на своите деца. Последен пример за тоа е 14-годишниот Кристијан Андреев, момче кое боледува од тежок облик на аутизам и епилепсија. Закажани се три сесии – операции на матични клетки во Истанбул, Турција кои ќе чинат 38.600 евра.
Со видео порака во која замолува за помош на социјалните мрежи излезе и сестричката на Кристијан.
Здраво, јас сум Јована Андреева. Мојот батко се вика Кристијан, има аутизам и сакаме ние да му правиме во Турција операција, но мама и тато немаат доволно пари, затоа сакам вие добри чичковци и тетки да донирате пари, за бато да ми дојде на роденден, да не ме штипе и да не ме кубе. Фала ви многу, чао, вели во пораката малата Јована.