Паричката за Василица кај Мицкоски

По денешната посета на Вевчани каде присуствуваше на вевчанскиот карневал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски доцна попладнево беше во Волино – Дебарца каде се отвори нов штаб на партијата.

Во пресрет на Василица се кршеше и лепче со паричка која се падна кај Мицкоски.

На трационалниот Василичарски собир во Волино, паричката од лебчето падна кај мене. Следната година веќе се знае каде ќе бидам на овој ден. Нека е за многу години, објави Мицкоски на Фејсбук.