Парите кај канцеларијата на Пригожин биле за трошоците на „Вагнер“, на борците ќе им биде понудена амнестија

Шефот на побунетата руска поравојска „Вагнер“, Евгениј Проигожин, изјави во саботата поплането дека кутиите со готовина најдени близу седиштето на неговата компанија во Санкт Петербург биле наменети за плати и други трошоци на паравоената формација.

Како што објавија руските медиуми повикувајќи се на извори во Федералната служба за безбедност, во возилата близу седиштетот на компанијата на Пригожин во картонски кутии во возила биле откриена 4 милијарди руски рубљи, односно 47 милиони американски долари.

Претходно беше објавено дека руските специјални сили околу пладнето без никакво отпор ја заземале контролата врз главното седиште на групата „Вагнер“ во Санкт Петербург. Исто така, беше објавено дека и седиштето и центарот за регрутирање на приватната воена компанија во градот Тјумен и во други места биле затворени а во нив во саботата немало никаков персонал.

Руски пратеник вечерва за агенцијата ТАСС изјавил дека на борците на „Вагнер“ им е ветена амнестија ако го положат оружјето, но оти тоа мора да го сторат брзо.

„Борците на Вагнер сѐ уште можат да го положат оружјето и да ја избегнат казната имајќи ги предвид нивните постигнувања во текот на специјалната воена операција (во Украина), изјави пратеникот Павел Крашниников.

Пригожин претходно објави дека тој и неговите луѓе не сториле предавство, како што во обраќањето до нацијата го карактеризирапе нивниот бунт претседателот Владимир Путин и оти немаат намера да се предадат. Според Путин, кој изрично не го спомена Пригожин кој важеше за еден од нему наблиските претприемачи, „преголмите амбиции и личните интереси“ се повод за вооружениот бунт, и вети дека сите што се вмешани во неговата подготовка „жестоко ќе бидат казнети“.

Пригожин досега не ги коментираше објавите на руското Министерство за одбрана дека некои единици и команданти на „Вагнер“ стапиле во конатакт со руските безбедносни служби и откажале да се приклучат на бунтот.

Претседателот Путин во саботата попладнето го потпиша законот со кој се пропишува 30-дневен притвор за кршење на полицискиот час во местата каде што тој е воведен, пренесе агенцијата РИА.

Пригожин ноќта кон саботата, по повеќемесечните критики до министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за некомпетентност во водењето на војната во Украина, објави дека единиците на „Вагнер“ извршиле препад во командата на Јужниот воен округ во Ростов на Дон повлекувајќи се од блиската Украина. Тој најави „марш за правда“ кон Москва, а неговите акции Путин ги карактеризираше како „предавство“ и „заривање нож во грбот“ на Русија додека таа војува преку Украина со колективниот Запад,

Пригожин како оправдување на неговата акција тврди дека руската војска извела ракетни напади и ги бомбардирала камповите на „Вагнер“ при што загинале многу негови борци. Министерството за одбрана категорично ги отфрли тие тврдења.

Западните агенции објавуваат снимки од жители на Ростов кои излегле да ги блокираат единиците на „Вагнер“ чии борци под закана со оружје ги полегнале на земја.

Руските медиуми и на социјалните мрежи беше објавено дека во попладнето во близината на команданта на Јужниот воен округ се каде се наоѓа Пригожин со свои команданти и со руски генерали, се слушнале истрели и детонации, а дека вечерта од самата команда се слушнале уште најмалку три истрела.

Француската новинска агенција AFP, повикувајќи се на извесен блогер со псевдоним Рјабар кој објавува воени вести, пренесе дека бунтовниците на „Вагнер“ наводно минале покрај градот Јелец во Липецката област, околу 340 километри од Москва.

Регионалните власти во Липецк потврдија дека бунтовнички сили влегле во регионот во саботата попладнето но дека не влегле во градот чиишто приоди се блокирани од тамошните безбедносни сили.

Западните агенции известуваат дека силите на Пригожин, кој е на потерници на западните земји и е под нивни санкции, „ги заземаа“ Ростов на Дон и Вороњеж и „молскавично напредуваат кон Москва“, при што „силите лојални на моменталната руска власт“ ја гаѓале колоната на „Вагнер“ што го потврди и нивниот шеф.