![zan iv le drian](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/zan-iv-le-drian.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Франција треба да ги преиспита своите односи со Велика Британија која ги прекрши своите обврски, вкличително и во трговијата, мизјави во средата вечерта францискиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.
Кон средината на сепрември без најави Велика Британија, САД и Австралија склучија договор за ново одбранбено и воено партнерство во пацифичкиот регион AUKUS . Поради тоа Канбера се определи за набавка на американски или британски атомски подморници и се повлече од договорот за набавка на 12 јуришни конвеционални подморници на класата „Barracuda“ од француската компанија „Naval Group“ со кој Франција остана покуса за 56 милијарди евра.
„Во оваа фаза можам да кажам дека кризата, низ којашто сега минуваме, е сериозно. Таа не заврши само затоа што дијалогот продолжи. Ќе продолжи и за да се излезе од него, ќе бидат потребни сериозни активности а не зборови“, изјави шефот на француската дипломатија.
Ле Дриан, исто така, повика на преиспитување на соработката со Австралија поради нарушената доверба. Истакна и дека францускиот амбасадор кој беше без преседан повлечен во Париз ќе се врати во Канбера, но консултациите со него продолжуваат.
Претходно Ле Дриан одлуката за раскинување на договорот за подморниците го нарече „заривање нож во грбот“. Париз сѐ уште очекува појаснување и од Канбера и од Вашингтон, од каде исто така го повлече амбасадорот.
По објавувањето на пактот AUKUS, договоран зад неговиот грб во јуни на самитот на Г7 во Англија, францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со британскиот и со американскиот челник. Британскиот премиер Борис Џонсон предложи да се „возобнови соработката“ меѓу Париз и Лондон, на што Макрон одговори дека чека предлози за ова прашање.