Париз: Фотогфарии од местa на злостор во 19 век

Иако е измислена во триесетите години на 19 век, модерната фотографија станала достапна на француската полиција дури на почетокот во 1870 година. Неколку години подоцна, во 1887 година, криминологот Алфонс Берилон вовел методи на идентификација во полициската практика. Благодарение на овој човек, париската полициска архива е една од најголемите во светот. Во неа се наоѓаат милиони фотографии кои датираат уште од почетокот на 19 век.

Откако поминал долги години во истражување на разни убиства кои станале дел од модерната историја, тој го добил прекарот „Гробиштата на Индијана Џонс“, а се работи за патологот Филипе шарли, кој прв се заинтересирал за овој вид форензика. Во својата книга „Злосторствата на сеништата“, составил збирка од речиси 100 убиства, самоубиства, атентати и фатални несреќи во Париз, помеѓу 1871 и 1937 година, кои секако, се обидел да ги разреши.

Прелистувајќи ги фотографиите, може да се забележи еволуција во полициските методи на истражување, но и на начинот на кој што се пристапува кон местото на злосторот. Исто така, може да се забележат фотографии кои сведочат, колку, всушност, луѓето се диви и примитивни кон другите во своето секојдневие.

2

Ножот што го држи жртвата наговестува самоубиство, но истрагата покажала дека на ножот се наоѓаат отисоци од љубовникот на госпоѓата Ферари, Гарнијер.

3

Иако фотографите, често на местоот на злосторот биле во придружба со цртачи, кои рачно цртаат мапа на опкружувањето, за попрецизно се постават димензиите на просторијата, кога е во прашање човечко тело се корости понаков метод на мерење.  Во овој случај камерата се поставува нормално во однос на телото. Кога фотографијата ќе се испечати, нејзин центар ќе биде точно помеѓу очите на лешот и коренот на носот. Оваа фотографија е направена за полицијата да демонстрира како треба да изгледа идеалната позиција на камерата.

4
Истата техника е употребена кај господин Фале, кое е убиен додека спиел во својот стан на 27 август 1905 година. Нозете му се подигнати поради мртовечката вкочанетост, а ткаенината околу вратот укажува дека причина за смртта е давење.

5

Госпоѓа Дебинеш е пронајдена мртва на подот во својот стан на 8 мај 1903 година. Многу е веројатно дека оваа сцена е последица на насилен конфликт.

6

Раните направени на Валентина Ботелин, на 14 сетември 1904 година, покажуваат дека се прострелни рана во слепоочницата и левиот образ.

7
На 31 мај 1905 година, Афонсо XIII од Шпанија и претседателот на Франција Емил Лубе, биле мета на бомбашки напад кај Лувр, додека минувале со автомобилот. Иако тие успеале да се извлечат без огребнатини, 20 други лица биле повредени, а еден починал.

8
Ова злосторство се случило на 5 септември 1910 година. Во него е употребена сулфурна киселина. Креветот, постелнината и подот се прекриени со крв, а ткаенината е делумно нагризена со киселнина.

9

Постара жена, на 9 август 1913 година е пронајдена како лежи свртена надоле во својот дом во Париз. Птиците кои  се гледаат во кадар изгледа се единствените сведоци на злосторството.