Граѓанската акција „Конвој на слободата“ која во петокот планира да пристигне во Париз по примерот на канадското движење на камионџиите против строгите епидемиолошки ограничувања за созбивање на Covid-19, ќе биде забранета за да се „спречи блокада“, а истиот конвој ќе биде забранет и во понеделник во Брисел, објавија во четвртокот француските и белгиските власти.
Организаторите на ова протсетно движење, коешто според сѐ судејќи се шири низ светот, сака да го изрази незадоволството поради задолжителното поседување ковид-потврди кои во Франција се воведени на 24-ти јануари, е се претставуваат како припадници на „Жолтите елеци“, протестно граѓанско движење кое беше извонрено активно пред пандемијата во 2018 и 2019 година, а беше поттикната од растот на цените на бензините и се претвори во сеопшт бунт против претседателот Емануел Макрон.
Неколку конвои во средата тргнаа од Ница на југоистокот, Бејоне и Перпињан на југозападот, а други ќе тргнат подоцна во четвртокот. Сите планираат да се обединетата во Париз во петокот вечерта, од каде би требало да се упатат кон Брисел на „европскиот собир“ во поенделникот на 14-ти февраури.
Бриселските власти објавија во четвртокот дека во понеделник ќе го забрани влегувањето на камионите во рамките на „Конвојот на слободата“, за да се спречи целосно блокирање на градот, каква што веќе две седмици преживува канадската престолнина Отава. Премиерот на округот Брисел, Руди Вервоорт објави дека дозволата за тој протест ниту не е побарана.
„Сојузната полиција ќе ги контролира моторните возила на патните приоди кон Брисел. Регионот и Градот Брисел ќе го забранат влегувањето на камионите на својата територија“, објави Вервоорт.
„Тие можат да дојдат да протестираат, но не со возила и камиони. Нема да дозволиме блогада на целата престолнина. Тука се гледа дека станува збор за тоа дека тие сакаат да го блокираат целиот град, како што имаа намера да го сторат во Париз, каде властите остро реагираа. Повторувам, нормално е луѓето да можат да го искажат своето незадоволство, но не е нормално во заложништво да ги земат жителите, продавниците, институциите, што тие имаат намера да го сторат“, изјави градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.
Последните денови упатени се повеќе повици во европските главни градови да бидат организирани „Конвои на слободата“ во знак на протест против мерките против коронавирусот, по примерот на сличните манифестации во Канада и на Нов Зеланд.