Париз најавува можно преиспитување на односите меѓу САД и ЕУ

Промените во политиките на Европската унија и САД создаваат услови за преиспитување на меѓусебните односи на нова основа, вели францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ледријан во заедничкото интервју со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објавено во неделникот Le Journal du Dimanche.

„Сега ситуацијата е поинаква. САД се променија, а исто така и Европа, и тоа се случи во услови кога ситуацијата во светот стана потешка. Затоа Европа одлучи дека мора да преземе поодговорен пристап кон задачата пред неа и да ги креира оние инструменти што ќе и овозможат да ја зајакне својата стратешка независност“, нагласува францускиот министер.

САД ја сменија својата позиција во однос на Кина.

„Не можеме да се вратиме на истото ниво на трансатлантски односи што постоеја пред десет години, но она што се случува ни овозможува да ги изградиме на нова основа“, вели Ледријан.

Истакнива дека е во интерес на САД да има силна Европа и силни сојузници, а не слаби кои не можат да обезбедат доволна поддршка.

Блинкен, од своја страна, вели дека се согласува со таа позиција.

„Навистина е во интерес на САД нивниот главен партнер да има максимални можности да им овозможи на двете страни да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат“, рече шефот на американската дипломатијата.

„Со отстранување на царинските тарифи, веќе постигнавме важни резултати во решавањето на спорот меѓу Boeing и Airbus, кој трае веќе 17 години“ вели Блинкен.

За надминување на разликите се формира трансатлантски совет за технолошки иновации.

Сепак, најважно е двете страни да споделуваат заеднички вредности. Ова е клучно кога демократиите се соочуваат со важната задача да работат заедно за да постигнат позитивни и видливи резултати како за своите граѓани, така и за светот, нагласи државниот секретар.