Париз повикува да не се реагира на информациите за „руската инвазија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, коментирајќи ги извештаите за наводната „неизбежна инвазија“ на Русија врз Укранина, апелираше да не се реагира на информациите кои секојдневно се менуваат.

„Ситуацијата во Украина… Мора да се биде на штрек и да не се реагира на информициите кои се менуваат од ден во ден“, изјави Ле Дријан во петокот за францускиот телевизиски канал LCI одговарајќи на прашањето да го коментира последното предупредување од САД за наводната „неизбежна инвазија“ на Русија врз соседната земја.

„Видов извесни промени од страна на руските власти, за да можеме да кажеме дека неопходно е да ѝ се даде простор на дипломатијата… Имаше промена во пристапот на руските власти кои велат ‘Гледајте, започнавме да ги повлекуваме (војските)’. Тоа би било добра вест, но постои чекор меѓу најавените промени и спроведените промени. Изјавите се добри, но повеќе сакам факти. Би сакал да можеме да кажеме дека не станува збор само за ротација, туку за повлекување на одреден број војници“, изјави шефот на француската дипломатија.

Претходно од Кремљ коментирајќи ги изјавите од НАТО за „недостигот од докази“ за повлекување на руските војски од позициите во близина на украинската граница, изјавија дека Алијансата „има проблем“ во системот на процена на ситуацијата. И рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека станува збор за „отсуство на воспитаност“ на Западот поради тамошните повици за физичка проверка на повлекувањето на руските трупи по завршувањето на вежбите.

Неговиот француски колега Ле Дријан истакна дека е неопходно да се задржи „студената глава“ и дека денес во однос на украинската криза треба да се има чувство за реалност.

„Сѐ е возможно, и масивна инвазија на руските сили на територијата на Украина и дипломатско решение“, рече Ле Дријан.

„Поради тоа, за западните земји коишто вечерва ќе се сретнат на (безбедносната) конференција во Минхен има две позиции. Цврстиот и единствен став кој цело време го искажуваме: дека доколку дојде до ново погазување на суверенитетот на Украина ќе следат големи последици и жестоки санкции. Како и ставот за дијалог…, за да можеме да разговараме за сите прашања на релевантните места“, додаде Ле Дријан.

Плановите коишто Западот ѝ ги припишува на Русија за ескалација на ситуацијата околу Украина, во петокот во Москва повторно категорично ги отфрлија и повторија дека руската дражава не ѝ се заканува на ниедна друга, и предупреди дека сите такви изјави, во прв ред од Вашингтон, Лондон и Брисел, се користат како изговор за зголемување на американските и трупите на НАТО во близина на руските граници.

Лавров претходно го демантираше изјавите дека Русија наводно создава некакви изговори за судир во источна Украина. Според него, Русија, исто така, не исклучува дека „ескалираната антируска хистерија“ има цела да ги затскрие намерите на Киев да ги прекрши Минските мировни договори од 2014-та и 2015 година и да се одлучи за воено решение на конфликтот во областа Донбас под контрила на одметнатите проруски милиции.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за новинарите акредитирани во Крмљ изјави дека „информативната хистерија на САД и НАТО околу Украина е извонредно силно врамена со лаги и фалсификати“.