Париз утре да прими 9.816 мигранти

Италијанскиот министер за надворешни работи, Матео Салвини денеска реагираше на критиките на Франција во врска со бродот „Аквариус“ со над 600 мигранти, кои Италија не сакаше да ги однесе во свое пристаниште.

Салвини побара извинување од францускиот претседател Емануел Макрон, кој, како што рече, ја обвини Италија за цинично, неодговорно однесување.

Тој рече дека Франција е обврзана да прими на 9.816 мигранти, според дистрибутивната шема на ЕУ, која никогаш не заживела.Според Салвини, Франција за три години примила само 640 лица, објави АП.

Поради тоа барам од претседателот Макрон да премине од зборови на дела и утре наутро да добие 9.816 мигранти, кои Франција вети дека ќе ги прими како знак на конкретна великодушност, а не само зборови, рече Салвини.