
Властите во Париз денеска донесоа уредба со која се забранува џогирање преку ден за да се намали контактот меѓу луѓето и да се спречи ширењето на коронавирусот.
Забраната ќе важи во периодот од 10 до 19 часот, пренесува Би-Би-Си.
Иако излегувањето е дозволено само под посебни услови, лекарите стравуваат дека голем број луѓе излегуваат преку ден и не се држат до предвидената дистанца.
Како што наведуват, луѓето излегуваат за да вежбаат, поради што е донесена забрана за џогирање.