Управата на еден природен резерват во Колорадо одлучи да го забрани влезот за посетители кога видела колкав број од нив прави „ селфи “ со дивите мечки.
Како што пренесува телевизијата „Денвер ченел“, официјалните лица на парот „Ватертон кањон“ обајсниле дека одлуката ја донеле поради безбедносни причини.
-Моменталната ситуација не е поволна за безбедноста на посетителите и добросостојбата на животните, изјавил претставникот на американскиот резерват кој годишно го посетуваат околу 100 илјади луѓе.
Тој навел дека многумина посетители се приближуваат на помалку од три метри од мечките кои во паркот ги и во голем број во ова време од годината.
Паркот е затворен од 28. август кога е забележана поголема група на мечки која овде дошла во потрага по храна. Мерката ќе остане на сила се до почетокот на периодот на хибернација.
Манијата „ селфи “ со диви животни често ги доведува во опасност лицата кои така се фотографираат.