Најдобриот француски кошаркар, Тони Паркер по 17 години поминати во „Сан Антонио“ потпиша двегодишен договор со „Шарлот“ за сума од десет милиони долари. Французинот во интервју за „Players’ Tribune“ најмногу зборуваше за соработката со Грег Попович, легендарниот тренер на „Спарси“.
Можеби никогаш немаше да станам дел од најдобрата лига во светот ако не беше Грег, кој одлучи да ми даде уште една шанса за да му го оставам тој прв впечаток. Тој ме повика по втор пат на тест и бев сигурен дека овој пат нема да зафркнам. Покажав колку можам на теренот. Следната сцена … Јас сум на драфтто 2001 година и ги слушам зборовите „Како 28 пик, „Сан Антонио Спарс“ го избра Тони Паркер, вели Французинот.
Паркер во „Шарлот“ ќе му се придружи на својот соиграч од репрезентацијата, Николас Батум, кој е негов бизнис партнер во француски „Асвел“ чиј што сопственик е Паркер.
За 17 години, во клубот од Тексас францускиот кошаркар четири пати го освои шампионскиот прстен, а во 2007 година беше МВП на финалето.