Паркинг услуги на ЈП ПОЦ и за корисниците на операторот МТЕЛ

Општина Центар информира дека за брзо време и корисниците на мобилниот оператор МТЕЛ ќе имаат можности за паркинг услуги на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Директорот на ЈП ПОЦ Душко Коцевски минатата недела потпиша договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија МТЕЛ преку кој ќе се овозможи наплата на паркинг услугите со СМС пораки на бројот 141414.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека овој договор е показател за посветеноста на двете компании кон современи услуги за граѓаните.

„Договорот со кој ЈП ПОЦ го воведува мобилниот оператор МТЕЛ за наплата на паркинг со СМС ќе овозможи поголема флексибилност и ефикасност за корисниците на паркинг услугите на ЈП ПОЦ. Тоа исто така значи и воспоставување на долгорочно партнерство со компанијата. ЈП ПОЦ ја прави достапна оваа услуга за сите граѓани со цел да ги задоволи потребите на сите граѓани“, смета Герасимовски.