Паркирањето во Охрид до 1 септември по повисоки цени

ЈП „Билјанини извори” започна наплата на паркинг по повисоки цени кои важат за летниот период. Во строгиот центар паркирањето од еден час останува со истата ланска цена и ќе чини 100 денари.

Цената на еден час паркирање на јавните паркиралишта ќе изнесува 30 денари во зона Б, 40 денари во зона А и 100 денари во зона премиум.

Ваквата одлука ја донесе Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Овој ценовник ќе важу до 1 септември.