фото: Утрински весник
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во саботата извршија сеча на четири деградирани и суви тополи покрај паркиралиштето на улицата Св.Кирил и Методиј, наспроти Нова Македонија.Оваа акција предизвика жестоки реакции кај јавноста. Но, од ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека дрвата се исечени, бидејќи тополите се стари и претставуваат опасност за граѓаните.
„Исечените четири тополи беа стари повеќе од 50 години. Поради надминувањето на својата физиолошка старост четирите тополи претставуваа реална опасност поминувачите и попаркираните автомобили на блиското паркиралиште, а едната од тополите се скрши при последното невреме и оштети едно возило.Екипитена ЈП „Паркови и зеленило“ вршат редовни контроли на состојбата со тополите во градот и ги отстрануваат старите и суви дрвја. Поради големите и непоправливи штети што овие дрвја може да ги предизвикаат по имотот и по здравјето на граѓаните, а по препорака на здравствените работници кои алармираат за зголемување на алергиите кај граѓаните поради цветањето на тополите, ЈП „Паркови и зеленило“ со континуирани акции прави напор да го отстрани ова хибридно дрво од јавните површини,“ инофрмираат од Паркови и зеленило.
Екипите на ГрадотСкопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ во последниве пет години на јавните површини засадија повеќе од 60.000 дрвца, милион цвеќиња и 10.000 рози. Обновени се дрворедите подолжи на булеварите, зазеленети се средишните жардиниери на сообраќајниците.