Парламентарни избори во Либан по една деценија

Во Либан во недела ќе се одржат првите парламентарни избори по речиси една деценија, но гласачите и експертите не очекуваат дека нешто навистина ќе се промени, иако изборниот систем е нов.

Овие парламентарни избори нема да им стават крај на секташките династии- оние кои сега владеат ќе се вратат на должност. Ако не тие, тогаш нивните деца, вели Ахмед Итани, сунитски муслиман од Бејрут.

Според новиот закон, донесен во јуни, 128 членови на Собранието се избираат според пропорционалниот систем, односно партиите ќе добијат места според процентот на освоени гласови.

Новиот закон, исто така, предвидува дека секој гласач да избира една листа и дека треба да даде еден преферцијален глас за еден кандидат од листата. Новиот систем го менува претходниот, мнозински систем, кој на победничкиот блок во секоја единица му ги обезбедуваше сите места поради што партиите во малцинството немале ниту еден пратеник.

Либанскиот политички систем е воспоставен по 15-годишната граѓанска војна која заврши со Договорот од Таиф во 1989 година со посредство на Саудиска Арабија, според кој, местата во парламентот се подеднакво поделени меѓу муслиманите и христијаните.

Но експертите очекуваат дека и покрај новиот изборен закон, мнозинството од претставниците поврзани со главните политички блокови повторно да биде избрани и дека многу малку нови лица ќе влезат во парламентот.

Многу Либанци и понатаму ќе гласаат за традиционалните политички партии, рече аналитичарот Амин Камурија.

Маклумина веројатно ќе гласаат за т.н. граѓанското општество во настанување, додаде тој, мислејќи на независните кандидати.

Останатите, кои се откажале од промени, попрво ќе ги бојкотираат изборите и ќе уживаат во слободниот ден на 6 мај, рече тој.

Новиот закон, кој особено ги охрабрува жените да се кандидираат, ќе им даде можност и на Либанците во дијаспората да гласаат за прв пат во историјата на земјата.Според Министерството за внатрешни работи, има вкупно 583 кандидати меѓу кои и 111 жени, што е седум пати повеќе отколку во 2009 година, кога имаше само 15 меѓу 702 кандидати.

Сепак, голем број од кандидатите се разочарувачки за кандидатката Хулда Ватар Касим, која верува дека учеството на изборите нема да промени ништо, бидејќи либанските гласачи не се подготвени да гласаат за нови луѓе.

Гласачите едноставно се плашат од промени. Некои од нив попрво сакаат да ги следат старите политичари кои веќе ги познаваат и не би гласале за новите кои влегуваат во политичката арена, додека другите едноставно ќе се воздржат од гласање, бидејќи чувствуваат дека нашите гласови нема да променат ништо, рече Ватар .

Експертот Камал Фегали, смета дека главната битка на изборите ќе се води меѓу двете коалиции: едната предводена од премиерот Саад Харири, сојузник на Западот и Саудиска Арабија, а другата предводена од Хезболах, поддржуван од Иран.

Спроведување на изборите ќе го следеат независни набљудувачи на Либанското здружение за демократски избори и набљудувачката мисија на ЕУ. Првите резултати од гласањето ќе бидат објавени на 7 мај, кој е прогласен за државен празник.