2.8 C
Skopje
недела, ноември 17, 2024

Парламентарни избори во Унгарија

Околу 8,3 милиони Унгарци со право на глас денеска ќе се изјаснат за нов состав на Парламентот.

На владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан кој ја бара довербата од граѓаните за четврт последователен мандат, ќе и се спротивстави коалиција од шест опозициски партии Обединети за Унгарија предводени од конзервативецот Петер Марки-Зај.

Првпат изборите во Унгарија ќе ги следат 200 меѓународни набљудувачи.

Орбан е на власт од 2010 година. Унгарија има комбиниран изборен систем: од 199 пратенички места во парламентот, 106 се избираат директно во изборните единица, а 93 од партиските листи ширум земјата.