
Парламентот на Црна Гора во петокот со 46 гласови „за“ од 81 пратеник го усвои предлог-законот за потврдување на Северноатлантскиот договор, со кој се обезбедуваат услови за пристапување на земјата во НАТО, игнориајчи го барањето на опозицијата да се одржи рефрендум.
Покрај владејачката коалиција, членството на Црна Гора во Алијансата го поддржаа и пратениците на Социјалдемократската партија и на малцинските партии, кои единствени од опозициските партии присуствуваа на парламентарната седница што се одржа во Цетиње.
Паралелено со одржување на седницата, Демократскиот фронт организираше протести поради одлуката за членство на Црна Гора во аеверноатлантската алијанса. Тие нагласија дека нема да ја признаат одлуката на парламентот.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ пред седницата изјави дека парламентот има историска привилегија да донесе одлука која ќе се памети додека постои Црна Гора и Црногорците.
Оваа одлука е донесена без вобичаниот рефренедум откако долгогодишниот црногорскиот челник Мило Ѓукановиќ, поранешен близок соработник на српскиот челник Слободан Милошевиќ, кога беше премиер тврдеше дека не постои првна обврска ниту политичка потреба да се распише референдум за пристапувањето на Црна Гроа во НАТО.
Опозицијата го осуди овој чин како „срамен“ и најави организирање протести порачувајќи дека единствено народот има право да донесе одлука.