Парламентот на Јужноафриканската Република гласаше во вторникот за затворање на амбасадата на Израел во земјата и прекинување на дипломатските односи, објави локалното издание eNCA.
Пратениците во парламентот, исто така, гласале за суспендирање на дејностите на израелскиот амбасадор во Јужноафриканската Република, се наведува во информацијата. Покрај тоа, парламентот соопштил дека овие мери ќе останат на сила „сѐ додека Израел јне се согласи на прекин на огнот и не земе учество во прегоорите со посредство на Обединетите нации“.
Сепак, како што истакнува порталот BusinessLIVE, одлуката на парламентот има само советодавен карактер.
Потегот на јужноафриканскиот парламент следува дена откако министерството за надворешни работи на Израел преку својот портпарол Лиор Хаијат најави отповикување на амбасадорот во ЈАР на консултации.
Минатата седмиа јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса го повика Меѓународниот кривичен суд (МСК – ICC) во Хаг да ги истражи дејствијата на израелските трупи во Појасот Газа и на окупираниот Западен брег, поради сомневања дека на палестинските територии се извршени воени злосторства и прекршување на меѓународното хуманитарно право.
Израел, кој не ја признава јурисдикцијата на Хашкиот трибунал, одби соработка на оваа тема, велејќи дека ги штити правата и безбедноста на своите граѓани и дека води борба против ероризмот, односно радикалнот палестинско движење Хамас, кое како такво го третираат и САД и Европската унија.