Филмот што дефинитивно беше еден од најголемите хитови годинава „Педесет нијанси сива“ ќе добие своја еротска пародија, насловена „Педесет нијанси црна“.
Марлон Вејанс и тимот комичари што стои зад филмовите „Проколната куќа“, „Страшен филм“ и „Бели риби“ пристигнува еротската комедија што ќе ја поведе публиката во „лавиринтот на жестоките и предвремени средби во собата за игри на господин Црн“.
Режисер на филмот е Мајкл Тајдс, сценариото го напишаа Рик Алварез и Марлон Вејанс, а играат Џејн Сејмор, Вејанс, Кели Хок и други.