Пароли ги пречекаа автобусите на СДСМ: Добредојдовте на маршот за спас на Заев!

Вечерва СДСМ организира марш за правда и за тоа партијата организирано носи граѓани од цела Македонија. Според информации кои излегоа во медиумите, актуелната владејачка партија особено вршела притисок врз вработени во администрацијата за да присуствуваат на овој марш во Скопје. 

Во продолжение герила акција со пароли кои се прикачени на повеќе локации во главниот град, упатени кон поддржувачите на Заев кои доаѓаат да бидат дел од маршот.