Партиите на Берлускони и Салвини размислуваат за спојување во десничарски блок

Италијанската конзервативна партија Форца Италија, под водство на поранешниот премиер Силвио Берлускони размислува за спојувае со десничарската Лига на поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, пишуваат во саботата италијанските медиуми.

Според истите извори, наводно десната партија Браќа на Италија (Fratelli d’Italia) нема да се придружи на овој блок. Спроед напосите, во Форца Италија се загрижени дека оваа екстремно десничарска партија која ја води Џорџо Мелони може да ѝ наштети на новата коалиција.

Извори во партијата Лига рекле дека можното спојување нема да претставува „анексија“, туку „здружување на силите“ за доброто на Италија. Според нив, разговорите за тоа се закажани веќе кон средината на следната седмица.

Форца Италија и Лига се дел од сегашана технократска влада предводена од Марио Драги, додека Фратели д’Италија, е во опозиција.

Шпекулациите за спојувањето на двете партии се појавија речиси една седмица откако во парламентот беше формирана новата фракцина на десниот центар Храброста на Италија (Coraggio Italia).

„Во атмосфера на соработка ја разгледавме препотставката за сојуз на силите на десниот центар“, напиша на Twitter Берлускони во петокот по виртуелниот состанок на партиското водство.

Џовани Тоти, поранешен член на Форца Италија и косновач на Кораџо Италија, оцени дека идејата заедничка десничарска партија е „многу амбициозна“, пишува во саботата дневниот весник La Repubblica.