Партиите сеуште не постигнале договор околу имињата на експертите кои треба влезат во составот на новата Државна изборна комисија – ДИК.
Според договорот од Пржино експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии, но токму тоа сега се јавува како проблем. Со договорот од Пржино, зголемени се и ингеренциите на ДИК, па сега комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици – министри.
Предвидено е ДИК да има девет членови: тројца предложени од позицијата, тројца од опозицијата и тројца експерти.