Партијата на Ердоган тесно води во Истанбул, ја губи Анкара

Турската опозиција е во предност на локалните избори во главниот град Анкара, чие губење би претставувал удар за владејачката Партија на правото и развојот (AKP) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, која има тесна предност во најголемиот град Истанбул, според делумните резултат од неделните избори.

Според државната новинска агенција Anadolu, заедничкиот кандидат на опозициските партии Републиканска народна партија (CHP), социјалдеморкати и Iyi, од десницата, води во трката за Анкара со 50,35 отсто од гласовите наспроти 47,43 отсто од гласовите за кандидатот на AKP по преброените 88 отсто од гласачкиот материјал.

Поразот во Анкара, каде што е изградена грандиозна претседателска палата, би претставувал силен удар за Ердоган, кој откако AKP ја освои власта во 2002 година досега победуваше на сите избори. Анкара и Истанбул, неговата партија и сојузниците кои почиваат на исламскиот конзервативизам ги водат веќе 25 години.

Во Истанбул, кој е економски и демографски центар на земјата, каде што за гувернер се кандидираше поранешниот премиер Бинали Јилдирим, делумните резултати навесуваат тесна трка. По преброените 97 отсто од изборниот материјал, Јилдирим е во водство со 48,88 отсто од гласовите, наспроти 48,50 отсто за неговиот главен опозициски противкандидат, Екрем Имамоглу, пренесува Anadolu.

„Освоивме некои градови, изгубивме други. Таму каде што загубивме, ќе мора да прифатиме дека не сме биле на висина на задачата и потоа да го прилагодиме дејствувањето“, реколе Ердоган во текот на говорот вечерва во Истанбул, но не прогласил победа ниту признал пораз во некој од градовите. Потсети дека нема предвидени избори пред 2023 година и изјавил дека претстојниот период ќе биде посветен на „економските реформи и борбата против тероризмот“.
На локалните избори во Турција гласаат повеќе од 57 милиони луѓе на околу 200 000 изборни места во 922 окрузи. Две лица беа убиени во источниот дел од Турција на избирачко место.

Локалните избори претставуваат тест за Ердоган во периодот кога земјата доживува економски развој со висока инфалција, по ударите од САД со кои Турција имаше тензични односи по неколку прашања.