Излезноста на изборите беше над 50 отсто. Врз основа на анкетирање на гласачите пред избирачките места, OeVP би можела да освои 34,5 отсто од гласовите.
Социјалдемократската партија (SPOe) успеа да освои 23,5 отсто, а Слободарската партија (FPOe), која беше погодена од аферата „Ибица“, успеа да освои 17,5 отсто од гласовите.
Во Европскиот парламент влегуваат Зелените и Неос, со 13,5, односно отсто од гласовите, a листата Јецт не успеа да го мине цензусот.
OeVP, во споредба со изборите во 2014 година, значително да го подобри својот резултат, бидејќи тогаш освои 26,98 отсто од гласовите. Тоа покажува дека OeVP успеа да профитира од политичките турбуленции во кои влезе австриската држава поради аферата за ФПО.
Пред пет години SPOe имаше 24,09 проценти на претходните избори за Европскиот парламент а сега претрпе мала загуба на гласови.
FPOe, која во 2014 година имаше 19,72 отсто од гласовите, не падна многу, со оглед на скандалот на лидерот Хајнц-Кристијан Штрахе поради кој мораше да поднесе оставка.
Врз основа на овие резултати, Курц ќе има седум мандати во Европскиот парламент, што е два повеќе од претходниот