Се очекува политичките партии да договорат нов состав за советот на Агенцијата за медиуми, да се промени раководството на МРТВ, и на МИА. Целта на овие реформи е овие тела да се ослободат од влијанието на партијата на власт.
Поранешниот „независен новинар“ на Канал 5 телевизија и сегашен советник на претседателот на СДСМ за комуникации и креирање политики Роберт Поповски пред средбата во Клубот на пратеници излезе со изјава за медиумите.
Нашите позиции ќе ги образложиме на работната група, но по исполнување на оваа обврска од договорот, очекувам да добиеме медиуми што ќе известуваат во согласност со законската поставеност и во согласност со новинарската етика и стандарди. Тоа мора да се постигне бидејќи претставува основа за фер и демократски избори, вели Роберт Поповски, член на работната група од СДСМ.
Инаку Роберт Поповски кој сега настапува како член на партиската работна група од опозицијата, претходно во јавноста се претставуваше како „независен“ новинар.
Екс новинарот…