Партиски послушници на СДСМ наместо на работно место во општината, оделе во штабот на Бихаќка и земале плата од општина Ѓорче Петров 

Напотизмот и партиските вработувања се главна одлика на владејачката СДСМ, а 18 –те вработени со договор на дело кои денесла на прес конференција ги спомнува СДСМ во општина Ѓорче Петров, 9 се наследени и биле вработени од претходниот социјалдеократски градоначалник на општината Александар Наумовски.

„Дали СДС, во нивно препознатливо својство, со реваншизам, сака градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски да ги напушти од работа, луѓето кои се вработени од претходниот градоначалник.

Александар Наумовски во неговиот мандат вдомил над 25 времно вработени лица, партиски послушници кои дел од нив ниту еден ден не се појавиле на работа во општината, а зимале плата“, велат во писмена изјава од општината Ѓорче Петров.

Се прецизира дека на списокот во општина Ѓоче Петров времено биле вработени лицата Бранислав Ѓорѓиевски со договор на дело и плата над 27.000 денари месечно.

Друг на платниот список на Наумовски со иста плата од над 27.000 бил и Игор Трајчевски, и тој како Ѓорѓиевски не се појавил ни еден ден на работа во општина Ѓорче Петров

Трет на листата во општина Ѓорче Петров времено ангажиран бил и Бобан Бошковски. Тој за разлика од претходните двајца замал плата од над 54 илјади денари месечно.

„Освен што не се појавувале на работа во општината, друго заедничко за овие партиски послушници вработени во општината е тоа што тие оделе на работа ама во штабот на СДС на Бихакќа.  Класични партиски војници, платени од парите на граѓаните на Ѓорче Петров.

Токму заради ваквото расипничко трошење на парите на граѓаните општина Ѓорче Петров е една од најзадлжеите општини. Освен што претходниот градоначалник трошел пари на граѓаните за по кафани, тој ги исполнувал и партиските наредби за вдомување на партиски војници“, се додава во соопштението.