Партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ: Дали е доведена во прашање безбедноста во авио сообраќајот?

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања.Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?

-Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?И на Албанците им прекипе од ДУИ.Никогаш не било полошо.Важно е да ги поразиме!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.