Од депонијата „Дрисла“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов претвора партиска канцеларија на СДСМ, каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8. 614. 000 денари или 140 илјади евра, реагираа во петокот од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
Во писмената реакција до медиумите се истакнува дека градоначалникот Шилегов продолжува со низата скандал, а последната е посочената одлука во услови на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати, тој преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања, со што директно ја отвора вратата за нови партиски вработувања
„Непозната е бројката лица кои ќе се вработат, но затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила. Овие партиски вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори. Со ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку „Дрисла“ прави партиски вработувања тешки 8 милиони денари или 140 илјади евра“, се остакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека пред една седмица Шилегов прво криеше а потоа откaко беше „фатен во лага“ тој и директорот на „Дрисла“, Коста Начевски, признаа дека ќе купат три џипа за потребите на директорот.
„Прво се снабди со коли, а сега ќе трошат пари за партиски вработувања. „Дрисла“ нема зголемен обем на работа, а Шилегов дава зголемен буџет за нови партиски вработувања. Апелираме до Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи и да се пренаменат парите во решавање на проблемите на скопјани“, се додава во реакцијата.