
Партиско агитирање на дел од избирачките места, присуство на службени лица на кои според законските нормативи им е забрането нивно партиско агитирање и дејствување, забележала невладината организација „Излези да гласаш“ во текот на вчерашниот ден.
Илијан Цветковски од „Излези да гласаш“, информираше дека има случаи на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели.
-Забележано е и агитирање на директорите на подрачните единици на одредени министерства во Прилеп, посочи Цветковски.
Од невладината истакнаа и дека во две изборни места во Карпош недостасувале гласачки ливчиња и оти во местото Св. Петка еден граѓанин сакал да гласа за повеќе лица.