Фудбалерите на Партизан ја победија Црвена ѕвезда со 2:1 на својот стадиони во „Хумска“ во 171. вечно дерби на белградските лути спортски ривали, кое се одигра како одложен натпреваро од 9. коло на српската Суперлига.
Партизан со оваат победа го надополни заостанувањето од два бода зад Ѕвезда и сега со бод повеќе ја освои есенска титула, на половина од сеозоната.
Стрелци за Партизан беа Бибарс Нахто од пенал во 41. минута, а Матеуш Салдања зголеми на 2:0 во 66. минута. Шериф Ендиаје ѝ даде надежи на Ѕвезда дека може да дојде барем до бод со погодокот во 71. минута, но „црно-белите“ го задржаа водството и ги однесоа трите бода.
Двете полувремиња беа исклучително интересни, двете екипи имаа одлични можности, а на младиот играч на „црвено-белите“ Јован Мијатовиќ му беа поништени два погодока. Покрај тоа, неговиот постар соиграч Александар Катаи ги пропушти најсериозните можности за гол и израмнување.
Во првите 15 минути немаше посериозни шанси, само неколку ветувачки напади на двете страни. Потоа, Нахто двапати се закани во кус период, но Глејзер на голот на условно кажано гостите двапати беше сигурен на гол-линијата. Ѕвезда набрзо потоа загуби еден од поседите, Белиќ го проигра Калулу, кој сакаше да ја испрати топката до Салдања. Глејзер реагираше во последен момент и ја фати топката во шеснаесетникот. Првиот сериозен обид за Ѕвезда го имаше Мијатовиќ, но Јовановиќ одбрани и ја сврти топката во корнер, по што опасноста беше отстранета. Набрзо во петерецот на домашните се создаде мешаница, а одбранените играчи на Партизан успеја во еден напад во два нврата да ја избијат топката од празната мрежа.
На 18-годишниот напаѓач на Ѕвезда му беше поништен погодокот во 26. минута. Олајинка ја прими топката по левата страна, го проигра Мијатовиќ, кој постигна гол, но тој не важеше зашто Мијатовиќ минимално беше во недозволена позиција и се чини дека само поради неискуството избрза и самиот си ја ускрати радоста. Во тие моменти Ѕвезда ја презеде иницијативата, сѐ повеќе напаѓаше, Катаи се закани со глава, а Букари биеше опасно од десетина метри откосо, но мрежата на Партизан остана недопрена.
Но Милан Родиќ невнимателно стартуваше во 40. минута во ситуација кога топката се чини ќе завршеше надвор од теренот, па за Партизан беше досуден пенал но по интервенција на ВАР. Нахто лесно ја претвори најстрогата казна во водство за „црно-белите“. Во преостанатите минути од првиот дека немаше големи шанси.
Второто полувреме беше уште посодржајно. Во првите минути Хванг со одлична финта исфрли двајца играчи на Парризан, шутираше од дваесетина метри, но Јовановиќ веќе претходно беше се поставил токму на таа страна од својот гол. На спротивната страна „црно-белите“ се заканија од противнапади. Калулу додаде до Салдања, тој продолжи за Захид, кој шутираше од прва, но топката мина крај стативата.
Ѕвезда со големи маки се спаси во 57. минута, кога Салдања одличен продре, се обиде да му ја додаде топката на Захид на пет метри од голот, но Драговиќ во последен момент реагираше и ја изби во корнер. Малку подоцна Катаи одлично ја прими топката со гради во шеснаесетникот на Партизан, го исфрли својот чувар, но потоа шутна пресилно и многу непрецизно, па топката одлета на трибините.
Вториот гол беше постигнат во 66. минута. Ѕвезда повторно брзо го загуби поседот топката, а Салдања наеднаш се најде во шанса и од десет метри го совлада Глејзер. Набргу потоа, Мијатовиќ се обиде со глава по центаршутот на Лучиќ, но Јовановиќ спаси. Опасност имаше и по изведениот корнерт, но Букари лошо ја фати топката.
Ѕвезда успеа да намали во 71. минута, кога Букари се проби по десната страна и нафрли, а Ендиаје добро се снајде и ја турна топката во мрежата. Јовановиќ го спаси Партизан во 79. минута, Канга одлично шутираше од слободен удар, но по интервенцијата на голманот топката отиде во корнер. Во 85. минута видовме уште еден поништен гол. Канга шутираше силно од повеќе од 20 метри, Јовановиќ успеа да ја одбие топката, а Мијатовиќ натрча и постигна гол. Помошникот судија веднаш го крена знаменцето и ВАР собата потврди дека станува за уште една офсајд позиција на младиот играч.
Набрзо потоа Николиќ можеше да стави точка на дербито. Салдања скокна и со глава ја упати топката до Николиќ. Глејзер истрча, Николиќ се обиде да го лобува, но не успеа да ја погоди рамката од празниот гол. Поради прекинот на почетокот од вториот дел кога навивачите направија пиротехничко шоу кое создаде многу чад на теренот, судијата се реши за седуминутно надополнувањето, а дури во последните секунди од продолжението беше видена можеби најголемата шанса на мечот. Красо извонредно се проби, нафрли за Катаи кој беше осамен на само три метра од голот на Партизан, но невообичаено за него успеа со глава да го префрли голот.