Кошаркарите на Лион важеа за една од најдобрите домашни екипи во Евролигата, но Партизан им одржа вистинска лекција на нивен терен победувајќи ги убедливо со 31 разлика, 62-93.
Белградските кошаркари имаа силен почеток на мечот, и првата четвртина ја завршија со 31-20. Вториот период заврши нерешено, за предност на Партизан од +11 на полувремето.
Клучниот период за победа на овој дуел Партизан ја направи во третата четвртина која ја доби со дури 20 разлика (9-29). Четата на Жељко Обрадовиќ така со веќе обезбеден триумф влезе во последниот период, и само успеа да ја задржи разликата и на крај да дојде до победа.
Џонес кај Партизан беше наједикасен со 22 гола.