Кошаркарите на Партизан во драматичен натпревар ја забележаа првата победа во Топ 16 фазата од Евролигата, откако во Комбак арената во Белград славеа над ЦСКА Москва со 73:72.
Херој на триумфот беше Богдан Богдановиќ кој постигна 27 поени, вклучувајќи ги и клучните слободни фрлања на 24 секунди до крајот. Покрај Богдановиќ, добар учинок имаше и Теренс Кинси со 15 поени.
Кај ЦСКА Москва, најефикасен беше Ненад Крстиќ со 27 поени и седум скока.
Фенербахче на Лестер Бо Мекејлеб го претрпе и третиот пораз на третиот натпревар во Топ 16 фазата во Евролигата. Турскиот тим овој пат загуби од Уникаха со 89:75.
Мекејлеб имаше одлична партија но и таа не помогна да се избегне поразот. За 35 минути на паркетот постигна 16 поени, дополнети со 8 асистенции и пет скока.
Во победничкиот тим најдобар беше Зоран Драгиќ со 24 поени, а имаше и три асистенции и два скока.