Кошаркарите на Партизан славеа со убедливи 77-67 над Жалгирис во Евролигата. Сепак, црно – белите со овој триумф се простија од своите навивачи на последниот домашен натпревар во ова натпреварување.
Двата тима влегоа во овој меч без шанси за пласман во четвртфиналето, Партизан уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност што му овозможи на српскиот гигант да го контролира резултатот и сосема заслужено да ја забележи четвртата победа во Топ 16 фазата.
Повратникот Бертанс со 17 поени беше најефикасен кај „црно-белите“, пред Тепиќ со 14 и Ловерњ со 11 постигнати поени.
Група Е:
Емпорио Армани – Барселона 9:63, Панатинаикос – Уникаха 69:60, Лаборал -Фенербахче 95:73, Анадолу Ефес – Олимпијакос 78:83.
Табела: Барселона 12-1, Емпорио Армани 10-3, Олимпијакос 7-6, Панатинаикос 7-6, Уникаха 5-8, Фенербахче 5-8, Лаборал Куча 4-9, Анадолу Ефес 2-11.
Група Ф:
Баерн М. – Макаби 92:94, ЦСКА М. – Галатасарај 86:85, Реал М. – Лок. Кубан 81:55, Партизан – Жалгирис 78:67.
Табела: Реал М. 11-2, ЦСКА М. 11-2, Макаби 9-5, Галатасарај 6-7, Локомотив К. 6-7, Баерн М. 5-8, Партизан 4-9, Жалгирис 1-12.